Home » Во фокусот » Кирил Лазаров заедно со директорите на “Вип” и “Спорт Лајф” – гости на Бизнис Кафе Македонија

Кирил Лазаров заедно со директорите на “Вип” и “Спорт Лајф” – гости на Бизнис Кафе Македонија

Триесетото јубилејно издание на Бизнис Кафе Македонија кое ќе се одржи во среда (04 Јули) во кафе-бар “Чао“ (ГТЦ) во Скопје, со почеток од 19:00 часот, уште еднаш на своите посетители им носи екстра ексклузивни гости.

Со нас овојпат своите животни и бизнис искуства ќе ги споделат најдобриот македонски ракометар и капитен на македонската ракометна репрезентација, Г-дин Кирил Лазаров, извршниот директор на “Вип“, Г-дин Мислав Галер и извршниот директор на “Спорт Лајф“, Г-дин Горан Павичевиќ.

Секој посетител на настанот добива едно кафе гратис од организаторот а картите веќе се пуштени во продажба и можат да се набават онлајн преку Купи Карти За Се на ОВОЈ ЛИНК или на фактура со претходна резервација на: mkbizniskafe@gmail.com

Дружењето вообичаено трае околу 2 часа од кои првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, а потоа следува дел за бизнис вмрежување помѓу присутните – најчесто луѓе од бизнис заедницата во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365