Home » Во фокусот » Класична бајка во модерен стил во новата реклама на Ауди

Класична бајка во модерен стил во новата реклама на Ауди

Принцезата во ова видео оди на бал во поинаква “кочија“ од онаа на која се навикнати принцезите од бајките, а на балот има и потполно друга цел од само запознавање на принцот

Ауди претстави краток анимиран филм под назив „Ever After“, а како што името сугерира, ова видео се занимава со класичната изрека „happily ever after“ или „среќно до крајот на животот“, кој обично доаѓа на крајот на нашите омилени бајки.

Спотот потсетува на класичните цртани филмови од Волт Дизни, со принцеза, принц и бал, но бидејќи ова е модерна бајка, создадена за малку поинакво време, тука принцезата има малку поинаква “кочија“ од онаа на која сме навикнати во бајките од детството.  Спотот започнува со таткото кој на својата ќерка и ја чита нејзината омилена бајка, а првиот знак за она што не` очекува доаѓа кога таткото ќе ја спомне кочијата, а девојчето ќе праша „имала многу коњи, нели?“

Додека таткото продолжува да ја раскажува истата стара приказна, за балот, принцезата и принцот, девојчето има малку поинаква идеја како треба да изгледаат работите. Принцезата во нејзината фантазија е значително похрабра, и кога ќе им се вкрстат погледите со принцот, последно што има во нејзиниот поглед е срамежливост и покорност. Не, нејзината цел е да биде прва.

Приказната, всушност, има корени во вистинскиот свет, инспирација му е Мишел Мутон, возач на Ауди и првата жена која го освои Светскиото рели првенство во 1981 година, а спомените за неа се појавуваат во спотот, како што е, на пример, регистрацијата на која се нејзините иницијали и годината на нејзината голема победа ММ1981.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365