Home » Во фокусот » Книга на која ниту огнот, ниту водата не и` можат ништо

Книга на која ниту огнот, ниту водата не и` можат ништо

Само компаниите кои постојано се прилагодуваат на околностите можат да развијат, да растат и да бидат отпорни на предизвиците. Ова е пораката која Адрис група, една од најуспешните компании во регионот, сакаше да ја пренесе по повод објавувањето на новиот годишен извештај.

Нивната публикација со резултатите од работењето во изминатата година е буквално отпорна на предизвици, не е можно да се искине, изгужва, наводени, ниту запали. Книгата останува недопрена, илустрирајќи како резултатите од Адрис група се стабилни и цврсти, а компанијата ја надминала секоја ситуација.

Книгата за Адрис група ја креираше и реализираше агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј, чиј креативен директор Зринка Хорват Гудман објаснува: “Книгата ја подложивме на фламбирање во кујната на хотелот Lone, рибари ја потопија во морето, ја замрзнавме со течен јаглерод диоксид на -195,79 степени,  децата во хотелот Amarin ја гужваа и се обидуваат да ја искинат, дури и низ неа помина 2 тони тежок теренец во станицата за технички преглед на Кроација осигурување. Книгата остана неоштетена. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365