Логото на McDonald’s месечно се појавува на речиси 900.000 фотографии на Инстаграм и Твитер
Појавата и големата популарност на социјалните мрежи во изминатата деценија им овозможи на компаниите нов вид на интеракција со потенцијалните купувачи. Таа стана една од клучните механизми за градење на брендовите.
Компанијата Brandwatch преку својот специјализиран софтвер за препознавање на логотипи и брендови, пребаруваше повеќе од 100 милиони фотографии од Инстаграм и Твитер и на тој начин доби увид во застапеноста на брендовите на социјалните мрежи.
Најголемиот светски ланец за брза храна Mc Donald’s е на првото место. Логото на оваа компанија месечно се појавува на речиси 900.000 фотографии.
Во тој контекст, ова значи дека 21 фотографија со логото на McDonald’s се објавува секоја минута, односно една фотографија на секои три секунди.
На социјалните мрежи, најмногу од има фотографии во областа на спортските брендови каде што предничи Nike, потоа со технологија (Google) и малопродажба (McDonald’s).
Извор: Brandwatch