Минатата година Супербоул привлече телевизиска публика од околу 98,2 милиони гледачи и претставува идеална можност за промоција на брендовите.
Дел од нив за прв пат ќе се појават на ТВ-екраните за време на најгледаниот спортски настан во годината во Америка, а меѓу нив се и Фејсбук, ланецот за пијалоци “Little Caesars” и производителот на хумус “Sabre“.
“Иако медискоиот пазар се развива, Супербоул е најдобриот начин да се привлече голема публика одеднаш“, вели Џеф Клај од компанијата “Little Ceasers”.
Во продолжение погледнете ги рекламите на оние брендови кои за прв пат се рекламираат на Супербоул.
- Bud Light Seltzer
Додека матичната компанија, “Bud Light Seltzer Anheuser-Busch InBev“ е редовен огласувач, новиот пијалок “Bud Light Seltzer“ дебитираше за време на Супер Боул.
Спотот на Фејсбук во траење од 60 секунди ги промовира групите на оваа социјална мрежа, а во рекламата се појавуваат Крис Рок и Силвестер Сталоне.
Видеото го креираше компанијата Viden + Kenedi, а следува како обид на компанијата Фејсбк да ја обнови довербата на потрошувачите по низата контроверзии.
- Hard Rock International
Брендот за угостителство Hard Rock International заработува на Супербоул со оглед на тоа што овај спортски настан се одржува на стадионот “Хард Рок“ во Мајами.
Во рекламата на “Hard Rock International” се појавува Џенифер Лопез во хотелот “Хард Рок“, кој e во сопственост на оваа компанија.
Спотот го креираше Мајлк Беј, а наводно еден дел е променет поради смртта на кошаркарот Боби Брајант и се исфрлени одредени сцени од видеото.
- Little Caesars
Овај ланец за производство на пици за прв пат оваа година ја претстави својата реклама за време на Супербоул.
Во рекламата на овај бренд глуми ѕвездата од серијата “The Office“, Рејн Вилсон. Во спотот се наведува дека доставата на пица на компанијата “Little Caesars” е најдобриот изум после лебот сечен на парчиња.
- Pop-Tarts
Компанијата Pop -Tarts за време на траењето на Супербоул ги претстави своите переци со нов вкус. Во спотот глуми Џонатан Ван Нес, ѕвездата од серијата на Нетфликс “Queer eye”.
- Quibi
Оваа платформа за кратки видео снимки на мобилен телефон одлучи да направи реклама за време на траењето на натпреварот со цел да ги истакне своите квалитети, но исто така испраќа порака дека луѓето можат да гледаат епизоди на платформата за 10 минути или помалку.
- Reese’s
Американската компанија за чоколада Hershey оваа година дебитира за прв пат на Супербоул, а нивната реклама за чоколадите Reese’s е прилично необична.
https://www.youtube.com/watch?v=CP6jpin86_E&feature=emb_logo
- Sabra
Компанијата која произведува хумус исто така за прв пат се рекламира на Супербоул, а во неа глумат раперот T-Pain, (drag queens) Miz Cracker и Kim Chi, како и ѕвездите од серијата “Real Housewives of New Jersey”, Teresa Giudice и Caroline Manzo.
- Saucony
Американската компанија за производство на спортска опрема го претстави спото наречен “One small step”.
– Што доколку обувките кои ги фрламе, навистина одат некаде? Во нашата компанија ги развиваме нашите први биоразградливи патики – се наведува во рекламата.
- Walmart
Walmart претстави реклама од 60 секунди во која се појавуваат ликовите од филмовите „People in Black“ и „Star Wars“.