Daily Mail објави листа на познати личности кои во изминатата година најмногу заработија на социјалната мрежа Инстаграм
Според нивните податоци, најбаран е Кристијано Роналдо, кој заработил неверојатни 47,8 милиони долари од овој облик на рекламирање.
Од вкупно 49 спонзорирани објави изминатата година, од кои повеќето од нив за големи компании како „Најк“, Роналдо заработи огромна сума пари.
Веднаш после Роналдо, на листата се наоѓа уште еден фудбалер, неговиот најголем ривал, Аргентинецот Лионел Меси. Фудбалерот на Барселона заработил 23,3 милиони долари во текот на изминатата година од рекламирање на Инстаграм.
Тој има договор со спортскиот бренд „Адидас“, американски производител на чипс Lays и брендот за накит Jacob & Co. За една година, тој објави вкупно 36 рекламни пораки преку социјалните мрежи.
Третото место на оваа листа го зазеде младата манекенката Кендал Џенер која заработи 15,7 милиони долари преку рекламирање на Инстаграм.
24-годишната манекенка има неколку договори за партнерство, од кои се издвојува брендот за чевли Стјуарт Вајтман, а исто така е и амбасадор за козметичка компанија Есте Лаудер.
Познатото трио го следи во чекор фудбалерот Дејвид Бекам со 10,7 милиони долари, а потоа следува пејачката Селена Гомез со 8 милиони долари приходи од рекламирање на Инстаграм.