По повод Светскиот ден на емотиконите, главниот извршен директор на Facebook, Марк Зукерберг сподели топ 10 на најчесто користени емотикони во платформата. На чело на листата е насмеаното лице со солзи во очите, по него е лицето со срца наместо очи, потоа бакнеж со срце итн.
Публикацијата содржи и расчленување по држави, за да се види кои емотикони се најпопуларни низ земјите во светот.