Home » Во фокусот » Кои се најугледните брендови во Европа во 2018 година?

Кои се најугледните брендови во Европа во 2018 година?

Лего го освои првото место на новата ранг листа на 100 најугледни компании во Европа, надминувајќи ги Бош и Ролекс во трката за титулата на најугледна компанија во Европа

Истражувањето на Институтот за репутација за 2018 година го препиша успехот на данскиот производител на играчки на нивната “силна посветеност” на градење на корпоративниот бренд, како и на нивната општествена одговорност и разбирање на целта, што е очигледно во нивните чекори, како што се еколошките коцки направени од шекерна трска.

Истражувањето се базира на повеќе од 87.000 индивидуални оценки од јавноста собрани од Германија, Франција, Шпанија, Италија и Велика Британија, а повеќе од 140 меѓународни фирми учествувале во оценувањето.

Топ 10 листата на најугледни компании во Европа изгледа вака: 1.Лего; 2.Бош; 3.Ролекс; 4.Сони; 5.Самсунг; 6.Канон; 7.Мишелин 8.Компанијата Волт Дизни; 9.Адидас и 10.Амазон.

Од друга страна, Apple е најголемиот губитник на листата. Калифорниската компанија претрпе пад на репутацијата поради перцепцијата на недостаток на етичко однесување и транспарентност.

Микеле Тезоро Тес, извршен потпретседател на EMEA регионот во Институтот за репутација, изјави: “Епл можеби е најголема светска технолошка компанија, но и понатаму се соочува со потенцијални ризици по репутацијата. По објавувањето на веста дека неодамна компанијата достигна вредност од трилион долари во поглед на пазарната капитализација, се зголеми и веројатноста дека потрошувачите ќе имаат поголеми очекувања од нив, кои го надминуваат она што компанијата го продава“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365