Home » Во фокусот » Кој вид на Фејсбук корисник сте – селфи или набљудувч, информатор или градител на врски?

Кој вид на Фејсбук корисник сте – селфи или набљудувч, информатор или градител на врски?

Секако, постојат корисници кои не можат да се сместат само во една категорија

Кога неодамна основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, го објави податокот дека секој месец повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот ја користат оваа социјална мрежа, никој не беше изненаден. Денес е речиси вистинска реткост да се пронајде личност која не ја користи оваа социјална мрежа.

Но, луѓето го користат Фејсбук на различен начин, а тоа го потврди и истражувањето спроведено во САД, каде што група истражувачи од Универзитетот Brigham Young откриле дека сите две милијарди корисници всушност, може да се поделат во четири групи – градител на врски, набљудувач, селфи и информатори.

Градител на врски

Овај тип на корисници го користат Фејсбук како уште еден канал на комуникација за закнење на постоечките врски со пријателите и фамилијата. Фејсбук им служи како дополнување на дружењето во живо, а не го сметаат за отворена социјална мрежа, туку за приватно место за размена на информации помеѓу пријателите и фамилијата.

Ваквиот тип на корисници често објавуваат и прегледуваат фотографии и видеа, слободно ги коментираат објвите на другите и лесно се впуштаат во разговор.

Набљудувачи

Тие се на Фејсбук бидејќи сите „имаат“ и го гледаат како неизбежен дел на модерниот живот. Но, многу ретко објавуваат лични информации, не објавуваат фотографии и не коментираат на туѓите.

На набљудувачите им е подраг нивниот реален живот од виртуелниот, а виртуелниот го користат само за одржување на контакти со другите.

Информатори

Овај тип на корисници најчесто се новинари, активисти и организатори на настани кои Фејсбук го гледаат како канал за промовирање на своите дела или самопромоција. Нивниот виртуелен живот не е ни малку сличен на стварниот.   Објавуваат информации бидејќи имаат чувство дека мораат да ги објават, имаат голем број на контакти, но не ги сметаат за пријатели.

Иако не одржуваат врски на Фејсбук, со задоволство одржуваат пријателски и семејни врски во стварниот живот, преку дружање, телефонски разговори или пораки.

Селфи

На сите ни е јасно за кој тип на корисници се работи – оние кои секојдневно објавуваат десетина фотографии, објави или коментари, се` со цел да го привлечат вниманието на своите пријатели. За нив секој “like” е доказ дека другите ги сакаат и дека тоа што го прават е исправно.

Понекогаш со своите постојани објави ги излудуваат другите корисници, но добиваат и толку позитивни коментари од другите „селфи“ корисници, што тоа не им е важно.

Секако, постојат корисници кои не можат да се сместат само во една категорија. Начинот на користењето и ставот спрема Фејсбук се менува со текот на годините, но за повеќето корисници може да се каже дека претежно спаѓаат во една од четирите категории.

На крај, треба да се спомене дека испитаниците во истражувањето биле на возраст од 18 до 32 години, па можеме да кажеме дека овие типови на корисници се однесуваат на младата генерација. Не е исклучено помеѓу повозрасните генерации да постои уште некој тип на корисници, кои истражувачите ги немаат уште препознаено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365