Home » Во фокусот » Канал 5: Кој затвора очи пред очигледната пиратерија на дел од кабелските оператори?

Канал 5: Кој затвора очи пред очигледната пиратерија на дел од кабелските оператори?

Кабелски оператори продолжуваат нелегално да реемитуваат странски канали.

Освен информацијата дека во тек е постапката,  МВР се уште ја нема поднесено кривичната  пријава по преставка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против кабелскиот оператор „Мултимедиа – НЕТ“ но и дописот од 5те национални ТВ станици кои се членки на ММА.

Вонредниот програмски надзор на АВМУ извршен на 3 октомври годинава покажал дека Мултимедија – Нет ДОО од Куманово, фрапантно незаконски реемитувал 31 странски ТВ канал, што е спротивно на член 141 од законот за Аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, но истовремено и кривично дело според КЗ

-Согласно законот за авторски права министерството мора да поднесе кривична пријава, МВР вели дека го работат предметот, што е предолго за ваков „чист„ случај,  особено поради фактот дека  АВМУ прецизно навел кога точно овој кабелски оператор нелегално реемитувал програма.

Изненадувачки е пак молкот од ОЈО, кој уште пред 6 месеци доби претставка од членка на ММА, ТВ Телма, а Канал 5, Телма, Алсат-М, Сител и Алфа, пред 10-на дена доставија поднесок до ОЈО за случајот со кабелскиот оператор од Куманово – и сеуште молк!

Од компанијата Македонски Телеком со кус одговор,  дека компанијата секогаш се залага за заштита на авторските права, но тоа ќе мора и да го докажат наскоро и на дело, особено поради фактот што реемитуваат регионални канали кои имаат емисии особено филмови и серии за кои ги немаат правата за територијата на РМ

Канал 5 ТВ но и останатите ТВ станици членки на ММА не сакаат ниту да поверуваат дека има надлежни институции кои замижуваат пред еклатантната пиратерија која се случува преку дел од кабелските оператори во Македонија. Со пиратеријата се прави огромна штета на ТВ станиците членки на ММА,истовреме им прават штета и на граѓаните кои плаќаат на дел од кабелските оператори за програми или дел од програми за кои кабелските немаат права, со што директно го оштетуваат буџетот на нашите сограѓани.

превземено од Канал 5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365