Home » Во фокусот » Која компанија и која личност имаат најпозитивно влијание врз луѓето?

Која компанија и која личност имаат најпозитивно влијание врз луѓето?

Меѓу технолошките компании, Амазон има најголемо позитивно влијание врз општеството, додека лицето кое има најголемо влијание врз секојдневниот живот на Американците e Џеф Безос

Технологијата и технолошките компании имаат значително влијание врз начинот и квалитетот на животот, но ваквиот голем напредок на технологијата има и одредени негативни последици – како што видовме во последниот пример со Фејсбук и заштитата на податоците, проблемите со несоодветните содржини и коментарите на YouTube кој е наменет за деца, итн.

Сепак, во повеќето случаи, овој напредок е позитивен, а благодарение на истражувањето кое на околу 3 илјади луѓе во САД го спроведе Recode, дознавме која компанија има најпозитивно влијание врз општеството, а тоа е Амазон.

Така, според 20% од испитаниците, Амазон има најпозитивно влијание врз општеството, додека лицето кое има најголемо влијание врз секојдневниот живот е основачот и извршен директор на компанијата и најбогатиот човек во светот, Џеф Безос.

На второ место на листата на компании со најпозитивно влијание на општеството е  Гугл (15%), а интересно е дека нејзиниот извршен директор Сундар Пичаи е втор (18%) на листата на лица чии одлуки влијаат на нашите животи. Третото место на оваа скала му припадна на Епл, која 11% од испитаниците ја сметаат за најпозитивна компанија кога станува збор за нејзиното влијание врз денешното општество.

За 10% од луѓето, Фејсбук сè уште има најпозитивно влијание врз општеството

Ова истражување е спроведено на 8 и 9 април, односно кога беше кулминацијата на скандалот околу Фејсбук и Кембриџ Аналитика и резултатите од оваа студија покажуваат дека за 1о% од корисниците, Фејсбук и понатаму има најпозитивно влијание врз општеството, а 17% од нив го сметаат Цукерберг за еден од највлијателните личности, па се чини дека овој скандал не влијаеше премногу на најголемата социјална мрежа во светот, барем кога станува збор за односот на корисниците кон неа.

Што се однесува до останатите компании на оваа листа, на петто место се наоѓа Microsoft (7%), потоа Tesla (6%), Uber (3%), Netflix (2%), и 1% од испитаниците сметаат дека најпозитивно влијание врз општеството имаат Twitter, Snap и Lyft.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365