Home » Во фокусот » Која македонска телевизија е најследена на Јутјуб?

Која македонска телевизија е најследена на Јутјуб?

Иднината на новинарството и преносот на информации неизбежно се врзани со интернетот, а телевизиите во Македонија, пред се оние со национална концесија, се чини дека силно почнаа да го следат примерот на светските телевизии и се поагилно и подинамично да ги користат социјалните мрежи како дополнителен канал преку кој комуницираат со својата публика. Јутјуб и Фејсбук, предничат.

Самата природа на социјалните мрежи, на ТВ станиците им дава можност да бидат своевидни “лидери“ во објавувањето на вести, односно, во рекордно време да ја комуницираат новоста и први да ја информираат публиката. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, 73.6% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства e 67.1% во 2017 година. Речиси сите (91.2%) домаќинства со интернет пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. Во првото тримесечје од 2017 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 74.5%, а 61,9% го користеле секој ден или речиси секој ден.

Доколку се земат во предвид овие податоци, тогаш разбирлива е желбата на телевизиите во Македонија повеќе внимание да посветат на социјалните мрежи. Во светот, Јутјуб каналите одамна се користат како средство за „комуникација“ со публиката, поточно речено интернет корисниците. Во Македонија, иако повеќето телевизии одамна регистрирале свој канал, трендот за систематски настап и постојано објавување на своите содржини и информации е поизразен во последните неколку години. Оттаму, кога го набљудуваме целиот спектар на активности кои ТВ станиците ги имаат на Јутуб, неизбежно се поставува и прашањето која телевизија во Македонија има “најразвиен“ Јутуб канал и добива најмногу прегледи на своите содржини?

Доколку се направи анализа според времето на постоење на официјалниот Јутјуб канал и просечната дневна или месечна посетеност, податоците велат дека ТВ21 е најследена телевизија на Јутјуб во Македонија, односно има најмногу прегледи. За две години, откако официјално е во функција Јутјуб каналот на оваа телевизија (основан 7-ми март 2016), ТВ21 има над 35,5 милиони прегледи, и дури 28,600 следбеници (subscribers). Тоа значи дека Јутјуб каналот на ТВ21 на месечно ниво има 1,5 милиони посети, или нешто над 50 илјади дневно.

На второто место е Алсат-М. Јутјуб каналот на оваа телевизија е основан на 15-ти јануари 2009 година. За ова време Алсат-М има 26,210 следбеници и 38,4 милиони прегледи.

На третото место е Канал 5 Телевизија, чиј Јутјуб канал почна да функционира на 3-ти јуни 2009 година. Канал 5 има 9,2 милиони прегледи, а 11,637 следбеници.

На четвртото место е Сител Телевизија, чиј Јутјуб канал функционира од 26 јануари 2012 година. Досега има 10,05 милиони прегледи и 7,767 следбеници. Од петтото до осмото место следуваат ТВ24, Телма, Телевизија НОВА, Шења ТВ и Алфа. Податоците за овие телевизии за бројот на прегледи и следбеници се прикажани во табелата подолу.

You Tube Channel Следбеници
(Subscribers)
Вкупно
прегледи
Датум на основање на Јутуб
канал
1 ТВ21 (Линк) 28,600 35,664,813 7 март 2016
2 Алсат-М (Линк) 26,210 38,491,533 15-ти јануари 2009
3 Канал5  (Линк) 11,637 19,220,060 3-ти јуни 2009
4 Сител (Линк) 7,767 10,053,705 26 јануари 2012
5 ТВ24 (Линк) 7,000 9,784,798 4 април 2013
6 Телма (Линк) 5,378 3,691,442 23 април 2014
7 Нова (Линк) 4,992 7,657,827 2 февруари 2016
8 Шења ТВ (Линк) 1,606 552,209 12 ноември 2015
9 Алфа (Линк) 1,374 766,572 22 февруари 2017

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365