Кока-кола лансираше серија лименки насловена како ‘Coca-Cola Braille’ , специјално дизајнирани за слепите луѓе.
Новата линија е продолжение на кампањата “Share A Coke“, каде луѓето можеа да споделуваат лименки Кока-Кола со напишани имиња – и одсега оваа кампања и можност е овозможена и за луѓето кои досега неможеа да ја искусат. Лименките се испишани со Брајова азбука и слепите луѓе можат да ги “прочитаат“ своите имиња на специјално дизајнираните лименки.