Home » Во фокусот » Колку долго можете да издржете без нотификациите на вашиот мобилен телефон?

Колку долго можете да издржете без нотификациите на вашиот мобилен телефон?

Паметните телефони во поново време станаа неизбежен дел од нашето секојдневие и без нив денес тешко можеме да го замислиме животот

Вообичаена слика на улиците, во јавниот превоз, во чекалните е луѓето да се „нурнати“ во екраните на своите паметни телефони. Колку денес луѓето се зависни од паметните телефони, покажуваат и бројните истражувања, но овај пат станува збор за интересен предизвик за сите оние кои секојдневно се претрупани со разни нотификации.

Luz Rello од Универзитетот Carnegie Mellon во Пенсилванија и Martin Pielot од  шпанскиот телеком “Telefónica” спроведоа истражување на тема зависност од паметните телефони и од постојаните нотификации кои секојдневно пристигнуваат на нив.  Тим од истражувачи одлучија да дознаат што ќе им се случи на луѓето доколку една недела ги исклучат нотификациите на телефонот. За жал, нивната првична идеја не се реализира, бидејќи не успееја да најдат ниту еден доброволец за учество во седумдневен предизвик, па затоа на крај го намалија рокот на 24 часа.

Иако еден ден без нотификации за многумина не делува како долг период, сепак беше доволен за 30 учесници за забележат некои интересни ефекти. Тие во текот на денот повеќе се грижеле дали пропуштиле нешто важно, но од друга страна биле многу попродуктивни.

Ако луѓето за вас мислат дека сте личност која не одговара брзо на пораките, тогаш во текот на овај предизвик веројатно нема да бидете под стрес. Но, доколку на пример, имате шеф кој секогаш очекува брз одговор, тоа многу ги менува работите“ вели Pielot.

После предизвикот, две третини од учесниците изјавиле дека сакаат да го променат начинот на кој управуваат со нотификациите на телефонот, а интересно е дека половина од нив се придржувале до поставените цели две години после истражувањето, што значи дека дури и кратко “разделување” од паметните телефони е корисно на долг рок.

Доколку нотификациите постојано ви го одвлекуваат вниманието, знаеме дека почесто грешите и потешко успевате да ги завршите важните обврски. Заради тоа е важно не само да управувате со секојдневните нотификации, туку и да имате контрола над тоа колку често ги проверувате“ вели Anna Cox, од University College London Interaction Centre. Таа советува да поставите неколку ограничувања помеѓу себе и однесувањето кое сакате да го контролирате. На пример, исклучете ги нотификациите за меил и социјалните мрежи кога сте со пријателите или исклучете го телефонот во ноќните часови.

Погледнете го видеото:

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365