Home » Во фокусот » Колку е лесно да се направи маркетинг стратегија кога конкуренцијата на пазарот е голема..? Открива Елизабета Шаклеска Илкоски – Генерален менаџер на MC Robin

Колку е лесно да се направи маркетинг стратегија кога конкуренцијата на пазарот е голема..? Открива Елизабета Шаклеска Илкоски – Генерален менаџер на MC Robin

Интервју со Елизабета Шаклевска, генерален менаџер на MC Robin и член на Клубот на менаџери-претприемачи  при Стопанска комора на РМ.

Елизабета Шаклевска

1.Која е Елизабета Шаклеска Илкоски ?

Генерален менаџер на MC Robin и член на Клубот на менаџери-претприемачи  при Стопанска комора на РМ. Магистар на политички науки – надворешна политика. Важно ми е да бидам опкружена со успешни луѓе, со тим кој ќе ме поддржува, да го испланирам патот до успехот…
Научив да слушам, разговарам од срце, да се држам до своите договори, да го добијам она на што се фокусирам, да дадам повеќе за да добијам повеќе. Исправните, позитивните и правилните принципи се основа на мојот карактер.

2. По професија сте Генералан менаџер во компанијата MC Robin, еве накратко, раскажете ни ја приказната зад брендот Chips King.

Моето работно искуство во MC Robin трае веќе 10 години, односно од самото формирање на компанијата, моето работно искуство растеше, како што растеше и самата компанија. За да станам добар менаџер, морав многу да учам, потребна ми беше голема енергија за да се создаде добар тим. Целта на тимот мора да биде насочена кон целта на сопствениците  на компанијата, кои цело време беа со мене и ми  даваа поддршка. Посетив голем број на менаџерски обуки. Луѓето со кои работам се долги години со мене, доверливи, искусни и големи стручњаци.Успехот на нашата компанија првично зависи од квалитетот, знаењето и секако цената. MC Robin започна со производствена дејност во 2006 година, со седиште во Гостивар, денес на истото место, на површина која поминува повеќе од 15.000  метри квадратни- производен и магацински простор, во кој се имплементира ХАССАП системот, и уште дополнителни 5000 квадратни метри надворешен простор, за кој веќе имаме нови планови. Во нашата компнија се вработени повеќе од 50 луѓе.

Во  2006 година започнавме со производство на  нашиот прв македонски производ флипс Chips King со кикирики, чија основна карактеристика е тоа што е 100% природен, односно во него нема додатни адитиви. По тој основен продукт, следеа повеќе видови на флипсови со различни вкусови, во зависност од побарувачката на пазарот. Секогаш треба да знаеме што продаваме, дали продуктот е доволно добар за клиентот и каков е бенефитот доколку истиот го купи. Брендот Chips King ,треба да биде препознатлив насекаде и треба да биде моќен, самата конкуренција ќе не натера да се усовршуваме и надградуваме.

Следниот наш веќе препознатлив бренд е Opss пуканки, исто така 100% природен и хранлив продукт. Во моментов веќе ја имаме најшироката дистрибутивна  мрежа во Македонија и го опслужуваме секој територијален сегмент од пазарот. На странските пазари застапени сме во БИХ, Косово, Албанија, Романија, Германија, Бугарија.

3.Колку е лесно да се направи маркетинг стратегија за флипс кога конкуренцијата на пазарот е голема..?
Конкуренцијата секогаш треба да се почитува, тоа е основен принцип на пазарната економија.Меѓусебниот натпревар за освојување на клиенти за својот продукт и услуга, резултира со низа придобивки како што се пониски цени, поголем квалитет, поширок асортиман. Не е лесно да се направи добра маркетинг стратегија, нашиот маркетинг тим работи на обликување на долгорочни цели и одредување на рамковни насоки за нивно доследно остварување.

Потребно е да се спознаат долгорочните маркетинг цели на целиот пазар, како и можноста за нивно остварување со квалитетно осигурување на потребните ресурси. Постојано нашиот маркетинг тим врши надворешна анализа како што се анализа на купувачите,анализа на пазарот – пазарниот потенцијал, анализа на конкуренцијата-кој ја претставува конкуренцијата, можните извори за информација за конкуренцијата, актуелнте стратегии кои ги применуваат конкурентите, потоа и внатрешна анализа од финансиски аспект на сопственото работење, анализа на моменталното работно портфолијо, издвојување на успешните и неуспешните односно непросперитетните делувања.

Употребата на Бенчмаркинг и СВОТ анализите се исто така важен сегмент за да се направи добра маркетинг стратегија, за која е потребен енергичен тим како нашиот.

4.Каков тип на промоција стои зад вашата маркетинг стратегија и кои се вашите планови за иднина? Дали дигитална стратегија според вас е добар маркетинг пристап?

Целта на McRobin е да ја проширува палетата на производи,така што во август оваа година ја лансиравме новата производствена линија за чоколадни вафер ролери,познати под брендот OPSS, како и производот чоко вафер ролс познат под брендот KUSUR, проект чија основна цел се гледа и во самиот назив на продуктот KUSUR, продукт наменет за  каса, каде клиентот наместо да причека кусур , може во замена за него да го одбере нашиот продукт KUSUR, интересен проект за кој веќе имаме спремни маркетинг активности. Веќе започнавме со маркетинг,односно нашите брендови Chips King,Opss и Kusur се поставени на два градски автобуси во Скопје. Знаеме дека денес е време на интернетот и друштвените мрежи,вести,новости и информации кои патуваат до крајниот корисник толку брзо како никогаш до сега, и тоа во секој можен мултимедијален облик.Секој од нашите потрошувачи,секој што би сакал да дознае повеќе за нашата компанија и нашата палета на продукти,може да посети нашата веб страница www.mcrobin.com, фан страницата na FB, InstagramMcRobin Chips King, каде што постојано можат да се следат сите новитети,а сега продолжуваме со следните маркетинг активности на ТВ и радио.

Потребно е да се креираат врски со нашите потрошувачи,промоциите се исто така важен сегмент на нашата работа, потребно е да се приближиме на нашите таргет групи,да го привлечеме и задржиме нивното внимание.Како менаџер би можела да кажам дека носењето на рационални одлуки по правило се заснова на добро дијагностицирање на проблемите,на испитување на најголем број алтернативни решенија,анализирање и споредување на овие алтернативи и селекција на најдобрите како основа за спроведување на работните акции.

Секој менаџер треба да биде организиран, одлучен, интелегентен, компетентен, како и да умее да го мотивира својот тим.

5.Елизабета  покрај тоа што е Генерален менаџер на MC Robin е мајка и воедно креатор на брендот ‘’Панделките на Петра’’, можете  ли накратко да ни раскажете повеќе за вашата пасија…

Мојот успех се темели на принципите со кои им приоѓам на предизвиците,опкружена сум со луѓе со позитивен став,со луѓе кои знаат дека можат да остварат се што ќе наумат. Потребно е да се успее да се направи „рамнотежа“ измеѓу приватниот и службениот живот.Без разлика дали сум заморна,расположена или не,секојдневно посветувам доволно време на мојата малечка ќерка,среќна сум што барем еден ЦЕЛ ден во неделата можам целосно да му го посветам на моето семејство,на мојата ќерка Петра,која во мојот живот внесе многу повеќе енергија,ме направи поборбена и поистрајна.Петра е мојата мотивација за мојата пасија за дизајнирање на ацесорис за девојчиња под брендот „Панделките на Петра„.

Петра и мојата внука Мила,се моите омилени модели, кои на мојата fаn page na facebook, ги рекламираат моите дизајни и го прават мојот живот позабавен и порелаксиран.

Сега за сега „Панделките на Петра“ се само мое хоби со кое се занимавам веќе 1 година, но имам поголеми и посериозни планови во однос на дизајнирање на линија за детски ацесорис, но за тоа потоа….сигурно ќе бидете известени кога ќе дојде и тоа време. 

Кога се сака, сè се може….

MC Robin

6. Еден краток совет: која е стратегијата за успех според вас, која е насоката која вие би ја споделиле со останатите компании ?
Добро организирана структурна комуникација е најважниот сегмент на секоја компанија, и како што вели Мајкл Дел еден од најуспешните луѓе на светот, вистинските менаџери треба да ги поседуваат следниве три букви „ P: passion (страст), problem (мисли на способноста за решавање на проблемот) и purpose (цел)“.

Интервјуто го направи: Магдалена Шамбевска

 

Автор Магдалена Шамбевска

Мaгдaленa е диплoмирaн менaџер – инженер нa инфoрмaциски системи нa факултетoт ФАМИС вo Битoлa. Скоро 4 гoдини рaбoти кaкo мaркетинг менaџер вo МА Nova Solutions вo Битoлa. Нејзини нaјгoлеми интереси се дигитaлниoт мaркетинг, герилa мaркетинг, кaкo и рaзвивaње мaркетинг стрaтегии и aктивнoсти зa рaзлични кoмпaнии низ Мaкедoнијa и стрaнствo, сo цел згoлемувaње нa нивнaтa прoдaжбa и јaкнење нa бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365