Големото финале во американскиот фудбал, Супербол во NFL лигата е најгледаниот спортски настан во Америка и се очекува дека во САД повеќе од 100 милиони луѓе ќе ги следат Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс во недела по локално време.
Имено, CBS оваа година за 30 секунди реклама бараат неверојатни 5,1 до 5,3 милиони долари.
Рекламните цени растат во последните десет години. На пример, просечната цена на рекламирање во 2010 година изнесуваше 3 милиони долари, во 2014 година веќе достигна 4,2 милиони, а во 2017 година, за прв пат, беше достигнат износот од 5 милиони долари за 30 секунди рекламирање.
Маркетинг експертите се надеваат дека ќе обезбедат повеќе од доволно внимание и забава за време на постојан економски страв и многу поларизирана политичка клима во САД.
Супербол LIII ќе биде колку борба за титулата на Њу Ингланд Патриотс и Лос Анџелес Ремс на теренот на стадионот на Мерцедес Бенз во Атланта, толку и борба меѓу компаниите за внимание на гледачите.
Компаниите кои планираат да го искористат овогодишниот Супербол за рекламирање на нивните производи, не штеделе во ангажирањето на ѕвезди кои ќе се појават во рекламите.
Гледачите на NLF финалето ќе бидат во можност да ја видат Сара Мишел Гелар во хорор пародија, но и Џеф Бриџис и Сара Џесика Паркер како љубители на пивото Stella Artois.
Познатите личности секогаш биле сигурна инвестиција за привлекување на вниманието на гледачите, а се забележува намалување на бројот на реклами со политички пораки какви што можеа да се видат на финалниот натпревар во 2017 година.
“Голема тема е враќањето на лесниот хумор. Препознато е дека Супер Боул е пред се` забава”, вели професорот Ким Витлер.
Сепак, NFL финалето е се уште најдобра опција за масовно рекламирање и една од последните од ваков вид во ерата на персонални реклама, која е насочена кон поединци врз основа на податоците собрани во Фејсбук, Гугл и другите технолошки компании.
“Се работи за многу голема инвестиција. Мислам дека ќе видиме многу хумор и реклами за производи. За многу компании е непријатно да се занимаваат со големите прашања “, вели професорот по маркетинг Тим Калкинс. Ова практично значи дека не треба да очекуваме споменување на блокадата на американската влада или на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.
Креативните тимови работат напорно за да се истакнат, па така Џеф Бриџис ќе го оживее Дјуд од филмот “Големиот Лебовски”, a меѓу оние кои ќе рекламираат се и некои од претходно познатите имиња. Пиварата Анхојзер-Буш се насочи кон својот заштитниот знак – коњите.
Во нивната реклама, два коња влечат далматинци низ поле полно со ветерници со звукот на Боб Дилан, “Blowin In The Wind“, која го промовира пивото “Бадвајзер”, кое се прави со користењето на енергијата од ветерни турбини.
Други типуваат на глумците, така што Џејсон Бејтмен се појавува во рекламата на Хјундаи, Кристина Еплгејт ги рекламира М&М, додека компанијата Колгејт го ангажираше Лук Вилсон.
Козметичката компанија Olaj направи хорор пародија со слоганот “убиствена кожа” и Сара Мишел Гелар во главната улога.
Амазон се одлучи на хумористичен пристап, па Харисон Форд, астронаутите близнаци Марк и Скот Кели и други се обидуваат да ги испробаат испорачаните производи кои не работат.
Пепси ја продолжи својата традиција на ангажирање музичари, па така во рекламата за чипсот “Доритос“ со нов вкус ќе бидат и Бекстрит Бојс, додека во реклама за минералната вода “Bubly” ќе се појави Мајкл Бабл. Поп пејачката Карди Би ќе биде меѓу изведувачите во рекламите на Пепси.