Home » Во фокусот » Колку пари се инвестираат во огласување: TV vs. Digital

Колку пари се инвестираат во огласување: TV vs. Digital

Телевизијата сеуште го држи престолот како доминантен медиум на кој отпаѓа 37% од глобалното огласување според податоците на медиската агенција Zenith за 2015 година. Интернетот го држи второто место со 30% од огласувачкиот колач, но расте со неколкупати поголемо темпо.

“Вложувањето во телевизиското огласување едвај да расте (само 0,4% минатата година)”, вели Jonathan Bernard, шеф на одделот за проценки во Zenith. “Интернет огласувањето напредува благодарение на ширењето на мобилните технологии и порастот на популарноста на online видеото и социјалните мрежи“.

Истражувањето предвидува дека до наредната година интернетот ќе ја престигне телевизијата и ќе биде доминантен огласувачки медиум со 36% удел во однос на 35% удел за ТВ.

Global-ad-spend-US-bill

Во текот на последните 10 години, интернет огласувањето порасна од удел од 6% во 2005 година на 30% минатата година. Овој брз раст ги одразува промените во начинот на кој луѓето ги конзумираат медиумите, со премин на традиционалните медиуми како што се телевизијата, печатот и радио, на online – десктоп и мобилни уреди.

share-of-global-ad-spend-by-medium-2015

share-of-global-ad-spend-by-medium-2018

Кога е во прашање вложувањето во огласување во САД, тренд е насочувањето кон повеќе-платформски кампањи (ТВ и видео), а за online видеото се предвидува раст на вложувањата во огласување оваа година од 20%, се наведува во истражувањето.

“На многу пазари станува вообичаено брендовите да го третираат online видеото како дополнување на традиционалната телевизија, а не како конкурент“, вели Bernard. Посебно меѓу младите потрошувачи, видеото дава дополнителен досег на ТВ кампањите. “Online видео огласите обично функционираат подобро кога се пократи од традиционалните пораки од 30 секунди“

tv vs. online video - viewers-final

Онлајн видеата и социјалнте мрежи, забрзано растат како закана и за традиционалните банери кои посебно се избегнуваат од корисниците на мобилни телефони. Фејсбук се повеќе зазема значаен дел од вложувањата во огласување, а има и голема улога во фактот што огласувањето на социјалните мрежи бележи раст од 27% во оваа година и ќе забележи уште 20% наредната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365