Home » Во фокусот » Колку пари заработиле најголемите 10 македонски ПР агенции во 2016 година?

Колку пари заработиле најголемите 10 македонски ПР агенции во 2016 година?

Маркетинг365 ги анализираше завршните биланси на најголемите и најактивни 10 македонски ПР агенции во Македонија (по азбучен ред подредени: Апра Портер Новели, Априори (x2), Вај Нот Комуникации, Елемент ПР, Идеа Лаб, Имиџ ПР, Навигаторс, Прогресива ПР и Медиа, Ханибиз и Чептер 4) и го доби податокот дека сите заедно во 2016 година оствариле приход од 140 911 840 денари или околу 2 291 249 евра.

Вкупните расходи на погоре набројаните десет ПР агенции во 2016 година изнесувале 115 399 587 денари или 1 876 416 евра.

Позитивен тренд во 2016 година во работата на ПР агенциите е што кај 8 од погоре набројаните десет агенции е забележан подобар финансиски резултат на приходна страна во споредба со претходната 2015 година, а полошо поминале само две агенции. Овој факт е пресликан и во вкупниот збир на приходи – кој е за околу  700,000 евра подобар во споредба со претходната година.

За уште поточно да го определиме целиот македонски “ПР колач“ во 2016 година, на оваа бројка од 2,3 милиони евра приходи на топ 10 агенциите споменати погоре чија кор дејност се Односи со јавност, секако треба да се додадат и приходите кои по основ на ПР услуги ги остваруваат останатите full service агенции во државата (во прв ред Меккен Скопје, Публицис Скопје, Њу Момент, Еден на еден, P World и Маркет Визија) но од чии биланси е невозможно да се оддели делот кој отпаѓа на ПР (бидејќи нивните приходи се прикажани како вкупен износ од сите наплатени услуги меѓу кои и подготовка на креативи, продукција, медиа планирање & закуп, дигитал итн), а кои по наша проценка изнесуваат вкупно околу 400-500к евра, па така целиот македонски ПР пазар за 2016 година можеме да го заокружиме на приближно 2,8 милиони евра.

Прочитајте и:

** Вкупните приходи на македонските маркетинг и медиски агенции за 2016 година

** Петте најголеми телевизии во 2016-та оствариле приход од речиси 18 милиони евра

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Marketing365 Marketing365 Marketing365