Home » Во фокусот » Колку сме среќни?

Колку сме среќни?

Најсреќните држави се Фиџи (92), Колумбија (87), Филипини (84), Мексико (82) и Виетнам (77). Најмалку среќни се Иран (5), Ирак (7) и Украина (индекс 8)

 

Gallup International End Of Year Survey е традиционално истражувањето кое се спроведува уште од 1977 година и е водечки глобален барометар за глобалната среќа, просперитет и надеж. Оваа година, истражувањето е спроведено во 55 држави, а во него учествувале околу 54.000 луѓе.

Победата на економскиот песимизам

Глобалниот просек, после две години на позитивен индекс (23 во 2015 година и 20 во 2016 година) се лизна во црвените броеви,  на индекс -2,28%, бидејќи толку од светската популација во економската иднина гледа позитивно, додека 30% од нив имаат негативен став. Најпесимистички држави се Италија (индекс -50), Грција (-42) и Турција (-40). Индексот на економски песимизам е исклучително висок и меѓу земјите-членки на ЕУ, бидејќи просечниот индекс во нив изнесува -16.

Од друга страна, меѓу економски најоптимистичките држави се најде Нигерија (индекс 59), Виетнам (55) и Индонезија (53), па дури и Индија (46). Источна Азија е најоптимистична меѓу сите региони на светот со индекс на оптимизам 16, САД со индекс -3 се приближува до мислењето на граѓаните на ЕУ.

Надежта останува

Речиси 40% од светската популација верува дека 2018 година ќе биде подобра од претходната што звучи оптимистички, иако во 2016 подобра година најавуваа 52% од испитаниците. Така индексот на надеж од 37 во 2016 година, падна на само 16 во 2017 година. 23% од испитаниците очекуваат полоша година, додека 32% сметаат дека 2018 година ќе биде слична на 2017 година.

Во вреднувањето на надежта, меѓу победничките држави е Индонезија, со индекс на надеж од 66, а Југоисточна Азија е регион исполнет со надеж (индекс 51). Помеѓу оптимистичките ресположени држави, можеме да ги најдеме Нигерија (64), Фиџи (57), Бангладеш и Индија (со индекс 51). Во цела Европа, уделот на оптимистите е еднаков на уделот на песимистите, што значи дека индексот е точно 0, а во ЕУ индексот е 5. Интересно е тоа што граѓани исполнети со повеќе надеж има во посиромашните земји каде што можноста за напредок е поголема.

Од земјите во регионов, највисок индекс имаат Албанија 43 и Косово 40, а најпесимистична земја во светот е Италија (индекс -41). Индексот е низок и во Босна и Херцеговина (-18). Хрватска со индекс 16 е прилично оптимистична, но од неа повеќе оптимистични се Словенците со индекс 31. Околу 42% од населението на Словенија очекува подобра година, а само 11% од нив прогноза дека годината ќе биде полошо отколку минатата година. Македонија е со индекс 28.

Помалку среќен свет во 2017 година

Најсреќните држави се Фиџи (92), Колумбија (87), Филипини (84), Мексико (82) и Виетнам (77). Најмалку среќни се Иран (5), Ирак (7) и Украина (индекс 8). Жителите на Америка и Русија се подеднакво среќни – кај нив е измерен индекс 50. Генерално, 49% од светското население е среќно, што е за десет проценти помалку од претходната година. Најсреќни се жителите на Јужна Америка.

Со подлабока анализа, е заклучено дека среќата помалку зависи од државата во која живееме, а повеќе од возраста, приходите, образованието и животниот стил.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365