Home » Во фокусот » Колумна на Предраг Стојковски: Facebook explore feed –подобро корисничко искуство или дополнителен извор на пари?

Колумна на Предраг Стојковски: Facebook explore feed –подобро корисничко искуство или дополнителен извор на пари?

Со Борис се познаваме повеќе од 5 години и за цел тој период постојано му ветувам дека ќе му испратам неколку текстови и колумни, а се остана на текстот по повод  9 години на Нова Солутионс и уште еден сличен текст.  Но благодарејќи на Facebook тоа денеска конечно се смени, а еве и зошто!

Пишува: Предраг Стојковски, извршен директор на агенцијата Nova Solutions

Имено пред речиси 10 дена Facebook почна со еден експеримент – чистење на корисничкиот newsfeed од содржини произведени од страна на Facebook страници (Facebook pages), без разлика дали тие страници репрезентираат бизниси или едноставно страници кој што се занимаваат со одредена тематика (на пример медиуми).

Тоа не значи дека Facebook ја елиминира содржината на Facebook страници. Не, едноставно таа содржина ја пресели во посебна секција –  Explore feed, додека на корисничкиот newsfeed ќе доминира содржина споделена од страна на Вашите пријатели.

Исто така, Facebook нема да ја забрани содржината на Facebook страниците, едноставно новиот  Facebook алгоритам ќе го фаворизира органското (природното) ширење на содржината, не по тоа колку некој пост има допаѓања (лајкови), туку колку повеќе се споделува (шерува).

Експериментот започна во 6 држави: Србија, Словачка, Шри Ланка, Боливија, Гватемала и Камбоџа. За дивно чудо Македонија не е дел од експириментот ;)

И кои се резултатите од првите неколку денови на експериментот?

Првиот и очекуваниот ефект е драстичен пад на органска посетеност на Facebook страниците.  Во Словачка, 6 најголеми Facebook страници забележаа 4 пати помала интеракција од моментот на воведување на експериментот:

Извор: CrowdTangle.

Тука треба на нагласиме, дека најголемите Словачки медиумски сајтови, не забележаа пад на посетеноста и покрај тоа што корисниците на Facebook не ја гледале нивната содржина толку често, од воведувањето на експерментот.

Зошто е тоа така? Сите овие сајтови имаат силна база на редовни читатели, квалитетни веб сајтови, известувања, newsletter….така да овој експеримент не донесе големи штети на големите информативни веб сајтови.

Втора работа е дека, самите Facebook корисници,  кои што сега повеќе ги следеле активностите на своите пријатели, полесно можат да направат дополнително филтрирање кој да се следи а кој не.

Третата работа е дека оние корисници, кој што повеќе ги следат содржините на Facebook страниците, можат полесно да издвојат која содржина сакаат да ја следат а која не.  Буквално Explorer feed стана еден вид на RSS reader.

Facebook вели дека ова е експеримент – но треба да очекуваме наскоро да стане реалност и кај нас.

Па како тогаш да се спремиме за намалена видливост на објавите од страна на бизнис страниците?

Пак се враќаме на основите на– Content is the KING! Квалитетната содржина Facebook нема да ја забрани, како што рековме на почетокот и самиот алгоритам е така подесен да сега повеќе го фаворизира споделувањето, отколку допаѓањето.

Втора работа е да не се фокусираме само на Facebook, поточно маркетингот на социјалните мрежи, туку и на SEO и на e-mail маркетинг.

Трета работа е да ангажирате influencer – и кој што ќе ја споделуваат Вашата содржина на нивниот newsfeed.

Прилагодувањето на алгоритмот донесува и фаворизирање на квалитетната содржина со цел корисниците на Facebook да ја добијат онаа содржина која што навистина ги интересира, Facebook е сепак корпорација со голем број на акционери кој што на крајот на годината очекуваат профит  кој што очекуваат раст на нивните акции, а не пад. Овие промени дополнително ќе извлечат пари од бизнис секторот за промовирање на своите услуги и производи, а со тоа ќе се зголеми задоволството на Facebook корпорацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365