Се` повеќе светски компании, борејќи се лозинките, користат отпечатоци од прсти и други биометриски податоци за запирање на хакери, пишува CNN.
“Гледаме многу брза еволуција на она што некогаш беа лозинките, подоцна паметни картички, а сега биометријата”, изјави Алекс Симонс, директор на програмскот менаџмент во одделот за идентитети на “Мајкрософт”.
Биометриската идентификација скенира лице или отпечатоци за да се потврди идентитетот на лицето. Идентификацијата на отпечатоците на прстите е широко распространета и на паметните телефони и се користи за нивно отклучување.
На работните места, вработените се`повеќе ја користат биометријата за логирање на телефоните и компјутерите за да пристапат до податоците складирани на овие уреди.
Spiceworks, професионална мрежа наменета за луѓето во ИТ индустријата, вели дека речиси 90 проценти од компаниите ќе користат биометриска идентификација до 2020 година, додека денес, е застапена во 62%.
Скенирањето со отпечатоци е моментално најчестиот тип на биометриска идентификација, ја користат 57% од организациите, додека 14% од компаниите користат препознавање лица.