Признаен по својата посветеност кон квалитетот, лидерството, технологијата и иновацијата, наградата за ЛЕОРОН претставува успех за Емиратитe во деловниот свет, меѓутоа и за Македонија каде што компанијата има канцеларија од 2010 година и вработува над 100 млади професионалци. Леорон се вбројува помеѓу првите странски директни инвестиции во нашата земја од Блискиот Исток.
Наградите за меѓународен квалитет за 2014 беа доделени од BID (BID Business Initiative Directions) и BID Group One на 21-ви јуни во “Hyatt Regency Paris Etoile Palais des Congrès” Convention Hall. Настанот го презентираше Хосе Е. Прието, претседател и генерален директор на BID, „Добитниците на оваа награда претставуваат икони на посветеноста кон лидерството, технологијата и иновацијата, тоа им дава пример на другите во нивните сектори.“ -рече тој.
Арбен Јусуфи, генерален менаџер на ЛЕОРОН по повод наградата изјави: „Ние сме многу горди што ја освоивме оваа престижна награда и ја добивме Златната ѕвезда за лидерство во квалитетот. Нашата цел е да обезбедиме највисококвалитетни корпоративни тренинг решенија за нашите клиенти ширум светот и да создадеме професионалци кои ќе бидат од исклучителна важност за нивните компании. Ова е заедничко достигнување на сите вработени во нашиотa компанија кои што неуморно работат за да го одржат високиот квалитет на услуга. Оваа Златна ѕвезда им ја посветувам ним“, изјави г-дин
Телеграма со честитки до компанијата упати и министерот за странски инвестиции г-дин. Џери Наумоф: „Ова е доказ дека компанија со висок квалитет, со правилна програма за обука може да ги вработи нашите талентирани дипломци и да ги претвори во вистински меѓународни професионалци. Ова се одлични вести за нашата држава и силен показател за другите странски инвестиции за квалитетот и работоспособноста на нашите граѓани.“
Компании од Европа, Америка, Африка, Азија, Океанија и Блискиот Исток ја добиле Меѓународната награда за квалитет и признание за своите достигнувања и посветеност кон квалитетот. Тука се вбројуваат ретроспективно престижните BID добитници: Wal Mart – САД, Dogus Holding – Турција, ICICI Bank – Индија, Kaspersky Lab – Русија, Grant Thornton Russian Appraisal – Русија, Zepter International. Другите претхидни добитници на BID вклучуваат лидери во рударството, инжинерството, нафтената и гасната индустрија, финансиите, банкарството, продажбата и консултантството.
За ЛЕОРОН Институт за професионален развој (LEORON Professional Development Institute)
ЛЕОРОН Институтот за професионален развој е водечка корпоративна тренинг компанија на пазарите на Европа, Африка и Азија. Основана е во Шведска за потребите од тренинзи во производствениот сектор која што глобално ќе се се рашири во текот на 90-те. Од тогаш се разви во еден од најсеопфатните тренинг институти во ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот, нудејќи тренинг решенија за сите стратешки коропративни функции вклучувајќи ги корпоративните финансии, човековите ресурси, менаџментот во ланецот на набавки, логистиката и инжинерството.
Со преставништва во Стокхолм – Шведска, Дубаи – Обединети Арапски Амирати, Ријад – Кралството Саудиска Арабија, Скопје – Македонија, Акра – Гана, Алмати – Казакхстан спроведуваме близу 500 курсеви и обучуваме над 3000 професионалци годишно ширум ЕМЕА регионот.
Како тренинг институт кој во својата основа ја има компетнтноста, посветени сме на зголемување на конкурентноста на нашите клиенти зајакнувајќи ги вештините, компетенциите и можностите на нивните вработени, помагаме во изработката на програми за градење на капацитети и овозможуваме континуирана надградба обезбедувајќи им знаење, практични алатки и системи на учење кои се единствни на пазарот.
Мисијата на ЛЕОРОН Институтот за професионален развој е да им помогне на корпоративните клиенти и владините тела ширум светот во зајкнувањето на вештините, компетенциите и можноситите обезбедувајќи им тренинг програми со највискок квалитет, создадени од најдобрите глобални експерти и имплеменитарни од најдобрите тренери во индустријата.
За BID
BID Group One (BID) е приватна меѓународна организација посветена на изведувачкиот квалитет, иновативноста и високиот квалитет. BID е основан во 70те години на минатиот век кога основачот на компанијата Хосе Е. Прието и неговото семејство започнале да развиваат компании насочени кон квалитативниот менаџмент, маркетингот, комуникациите и иновацијата кои гаеле посветеност кон културата на квалитетот. Денеска сите тие бизниси пораснале и се здружиле за да ја формираат BID Group One.
BID обезбедува алатки за учење и менаџмент за генералните директори за имплементирање на ефективни развојни стратегии. Со повеќе од 30 години искуство во нудењето на услуги на бизнисите и организациите, мали и големи, нашите клиенти се обединети од желбата за зајкнување на брендовите и репутацијата на нивните производи и услуги.
Секогаш насочени кон обединување на бизнисите на меѓународен план, BID и понатаму одржува годишни бизнис конвенции во Франкфурт, Лондон, Париз, Женева и Њујорк со учесници од сите страни на светот. Овие конвенции не служат само за признавање на нивните клиенти и нивните остварувања во менаџментот на квалитетот, туку и создаваат простор за мрежно работење, учење и инспирација. Сите конвенции се проследени од медиумски партнери, нудејќи им на компаниите меѓународно излагање.