Американскиот производител на спортска опрема Најк забележа огромен скок во продажбата преку интернет, неутрализирајќи го претходниот пад на приходите во физичките продавници предизвикан од пандемијата на вирусот корона.
Компанијата соопшти дека постигнала брз раст на дигиталната продажба од дури 82 проценти во периодот помеѓу јуни и август 2020 година, а приходите се искачиле на 10,6 милијарди долари, благодарение на закрепнувањето на многу клучни пазари, вклучително и кинескиот.
Џон Донахо, извршен директор на компанијата, вели дека преминот кон продажба преку интернет може да биде траен. Според него, „дигиталниот бизнис е новата нормалност“. Искуството покажа дека потрошувачите сè повеќе претпочитаат ваков вид на шопинг и ретко се враќаат на старите навики.
Најк забележа извонредна продажба во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Велика Британија, додека пад забележа во САД. Акциите на компанијата се зголемија за повеќе од 10% во трговијата.