Кога за прв пат ќе започнете да планирате големо патување, чекор број еден најверојатно е лентата за пребарување на Google. Чекор два најчесто е кликање врз сликите на вашата целна дестинација. Компанијата за облека North Face, во кампања со агенцијата Leo Burnett Tailor Made, го искористи ова однесување на потрошувачите со цел сликите од нивните производи да бидат на врвот на резултатите при пребарувањата преку Google. Сликите кои се меѓу првите, најчесто се преземени од страниците на Википедија.
За да го искористат овој факт, агенцијата ги заменила фотографиите на повеќе од 15 локации низ светот со фотографии на модели кои носат опрема од „North Gear“ . Тие поставувале фотографии од модели кои носат облека од фирмата „North Face“ на повеќе страници на Википедија од оддалечени локации интересни за планинари и авантуристи
Меѓу местата чии страници на Википедија биле променети се наоѓале национални паркови во Бразил, полуостровот Кабо во Калифорнија, како и планинскиот масив Куилин во Шкотска.
Агенцијата дури јавно се пофалила дека нивниот „трик“ предизвикал голем успех во видливост на платформата за пребарување, додавајќи дека тоа го направиле со буџет од нула долари.
Yesterday, we were disappointed to learn that @thenorthface and @LeoBurnett unethically manipulated Wikipedia. They have risked your trust in our mission for a short-lived consumer stunt. 1/ https://t.co/aIl5XEkS3z
— Wikipedia (@Wikipedia) May 29, 2019
„North Face“ јавно се извини по критиките од Фондацијата Викимедија, која управува со Википедија и осудата која ја добија од корисниците на социјалните мрежи и вети дека веднаш ќе ја прекине кампањата.
Од Фондацијата Викимедија, соопштија дека кампањата неетички ја манипулирала енциклопедијата.
„Она што го направиле е слично на вандализирање на јавен простор. Додавање на содржина чија единствена намера е комерцијална промоција е спротивна на нашите политики, мисија и цел на Википедија, а тоа е да обезбеди неутрални информации, базирани на факти“, се вели во соопштението на Фондацијата.