Компанијата The Berry Company, која претставува фамилијарен бизнис за храна, реши да направи вистински “бум“ на улиците во Лондон и да го разубави денот на минувачите со својата последна маркетинг кампања. Очигледно, 8:12 часот наутро е идентификуван како време во кое знаете дали вашиот ден ќе биде или нема да биде добар.
Со помош на W Comms и Gas and Electric, компанијата The Berry се потруди сите минувачи во Лондон да имаат убав ден. т.е утрото да го започнат насмеани и расположени. Нивната цел беше тие да имаат #berrygoodday. Како го направија тоа? Тие направија мал социјален експеримент каде млад дечко излезе на улица со чадор на врнежлив ден и се потруди да помогне и да ги расположи луѓето. Но, на крај направија мали измени во експериментот, па да видиме што се случи :