Американската компанија за превоз, Убер оваа недела отпушти 400 работници кои биле вработени во одделот за маркетинг, што претставува една третина од околу 1200 вработни во маркетинг.
Извршниот директор на најголемата комапнија за посредување во услугите со превоз во светот, Дара Косровшахи во известувањето пратено по меил, ги известил вработените дека на овој чекор се одлучил не затоа што маркетингот ја губи важноста во Убер, туку сосема спротивно, сака да го направи подобар и поефикасен.
Компанијата со откази почнала во понеделник наутро во 8 часот, кога новата шефица за комуникации работниците ги известила по меил, а потоа следеле поединечни состаноци со секој од отпуштените работници во одделението за човечки ресурси.
„Овие промени се многу тешки затоа што влијаат врз животите на луѓето. Но, голем дел од нашите улоги како лидери е да се донесуваат такви тешки одлуки врз основа на она што е најдобро за Убер на долгорочен план и да се биде искрен за причините зошто ги донесуваме таквите одлуки“, изјавил директорот на компанијата.