Обувките, електрониката и очилата се на врвот на копирани производи, а најголем број од нив се продаваат онлајн.
Спрема податоцита на Меѓународната асоцијација на трговски марки (International Trademark Association – INTA), минатата година ширум светот е остварен промет со фалсифукувана стока во вредност од 460 милијарди долари. А не изненадува тоа што повеќето од овие трансакции се извршени онлајн. „Интернетот олеснува да се сокријат работите“, изјави Tiffany Pho од INTA.
Но, на кои онлајн места се одвива најголема трговија со фалсификувана стока? Новата студија на компанијата Red Points – фирма за заштита на брендовите со седиште во Барселона – фрли малку светлина на овај пазар во сенка.
Користејќи податоци кои ги генерирале нивните web crawler-и посебно дизајнирани да бараат фалсификувана стока во име на 200 нивни клиенти, Red Points направи листа на Top 10 локации на кои фалсификуваната стока најчесто се купува и продава. Водечка на листата е Aliexpress, e-commerce сајт на кинеската компанија Alibaba насочен на меѓународниот пазар.
Всушност, шест од десет локации на листата имаат седиште на Далечниот Исток, посебно во Кина, која има долгогодишна репутација за производство на фалсификувана стока и нешто што би можело да се нарече „опуштен став “ спрема интелектуалната сопственост. Сепак, спрема директорката на Red Points, Laurа Urquizu, денес работите се подобри отколку што биле некогаш. „Претходно, не постоеја никакви правила на Далечниот Исток, и секој можеше да прави што сака. Денес , продавачите со седиште во Азија, „соработуваат се` повеќе и повеќе“ во борбата против фалсификатот, иако проблемот е далеку од решен“.
Едно изненадувачко име на листата е Фејсбук, кој за разлика од другите наведени локации не е eCommerce платформа. Но, бидејќи сомнителните трговци можатда ги претставуваат своите производи и таму, и да вршат трансакции по пат на e-mail-ови или насочување на купувачите на нивните страници, Фејбук барем спрема Red Points може да се квалификува како малопродажен сајт.
Портпаролот на Фејсбук не се сложува со таа логика, но објасни дека пронаоѓањето на корисници кои поставуваат „несоодветни“ производи во корисничката база од 60 милиони, е сложен проблем, со кој Фејсбук веќе се знимава.
Од друга страна, Red Points во истражувањето ги идентификува и стоките кои најчесто се фалсификуваат, и не се во прашање дизајнерски ташни, туку патики. „Ташните се за жени, но обувките се за сите“, изјави Urquizu. „Тоа е скапа стока која ја привлекува целата популација.“