Американскиот медиски конгломерат Warner Bros. Discovery соопшти дека корисниците на нивната стриминг платформа Max (поранешно HBO Max) наскоро ќе можат да гледаат спортски настани во живо.
Почнувајќи од 5 октомври, преку Max ќе бидат достапни за гледање спортски настани во живо кои веќе се емитуваат на традиционалните телевизиски канали TNT и TBS, а се дел од истата матична компанија. Според најавите, корисниците на Max ќе имаат можност да гледаат над 300 спортски настани во живо во текот на годината.
„Ние сме уникатно позиционирани да им понудиме на гледачите најдобар избор на премиум спортски и возбудливи настани и дополнителна програма фокусирана на фановите, и сето тоа во рамките на фантастичен мултиспортски производ кој ќе ги задоволи еволуирачките потребите на нашите гледачи – вклучувајќи ги повремените и посветените спортски фанови” – истакнува претседателот и извршен директор за спортски содржини при Warner Bros. Discovery, Луис Силбервасер.
Спортската понуда на Max, достапна по името “Bleacher Report Sports Add-On”, ќе биде бесплатна за корисниците на платфомата до 29 февруари 2024 година, по што цената за претплата ќе изнесува дополнителни 9.99 американски долари месечно.
Во моментов, почетната цена за претплата кон Max изнесува 15.99 долари месечно за нивото без реклами, односно 9.99 долари за нивото поддржано од реклами.