Постојат многу корисници на кои им пречат рекламите на Твитер, а според последните извештаи, наскоро би можело да се воведе корисничка претплата.
Веќе се работи на неколку идеи, како што е претплатнички модел наречен „Rogue One“, со кој ќе се воведе премиум функции за оние кои плаќаат. Од компанијата велат дека идеите се уште се во почетна фаза на развој, што значи дека до крајот на 2021 година, тие веројатно нема да донесат значителни приходи.
Веста за можно воведување на претплата дојде веднаш откако Твитер го купи Revue – сервис за креирање newsletter – во рамките на кој веќе планира тастер за претплата за newsletter, иако нема јасни индикации дека Твитер планира да им наплаќа на корисниците за оваа содржина.
Твитер не е единствената социјална платформа што го разгледува овој модел, бидејќи дури и Фејсбук, кој вети дека нема да наплаќа за услугите, не ја затвори целосно оваа врата.
Претплатите би значеле постабилен извор на приход кој нема да претрпи последици од подеми и падови на пазарот. Се разбира, тоа е меч со две острици, бидејќи огласувачите сигурно не би толерирале ограничено прикажување на реклами, а ретко која компанија би се откажала од приходите што доаѓаат од рекламирање.