Можеби не сме свесни за тоа, но човечкиот мозок процесира звук побрзо отколку која било друга сетилна дразба, што го прави одлична нервна кратенка за побрзо разбирање.
“Истражувањата имаат покажано дека на човечкиот мозок му се потребни 146 милисекунди за да реагира на звук. Тоа е побрзо од допир (149 милисекунди), вид (189 милисекунди) и вкус (500 милисекунди)”, изјави за време на една работилница Џоел Бекерман, композитор и основач на Man Made Music.
“Во хорор филмовите, ‘страшната сцена’ има ефект само ако звукот го поставите после визуелниот приказ, бидејќи звукот може да го издаде изненадувањето затоа што се перцепира многу побрзо,” додаде тој.
“Звукот е следниот фронт за дизајнот на искуството. Тој е фокусиран, интерактивен и ефективен. Без разлика дали сме свесни за тоа или не, но секој момент од нашиот живот е проследен со звук и музика,” истакна Бекерман.
Семиотика на звукот
Кога се снимна реклама или краток филм, режисерот може да додаде многу повеќе значење доколку вклучи звук, отколку биде чисто визуелно.
“Звукот си има своја семиотика. Жичените инструменти пренесуваат топлина, трубите звучат триумфално итн. Земете ја најавната шпица на вестите на BBC како пример. Што можете да истакнете? Постои итност во ритамот, еден степен на важност на најавата предивикан од трубите и скалата на жичаните инструменти,” додава Бекерман.
“Забавните тематски паркови исто така го користат звукот за да ви го пренесат чувството на местото, на некоја тема и расположение за секој различен сектор. Тоа има и своја функционална вредност, бидејќи ги покрива звуците од другите делови на паркот.”
Звукот во дизајнирањето на производи
Покрај тоа што создава одлично корисничко искуство, звукот може да им помогне на луѓето побрзо да научат како да користат некој производ.
“Со пресликување на искуствата кои ги имаме во аналогниот свет, звуците кои ги прави некој уред може да предизвикаат одредено однесување кое им помага на корисниците подобро да го користат тој уред,” истакна Бекерман.
На работилницата беше присутен и Томас Гарднер, менаџер за дизајн на брендот за уреди за домаќинство AEG (во сопственост на Electrolux) за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Гарднер објасни колку било важно за AEG да го погоди “вистинскиот клик”.
“Постои тим кој е посветен само на копчињата, опседнат да го добие вистинското чувство и клик на секое од нив,” изјави Гарднер.
“Теоретски, возможно е да се направи сите контроли да се користат преку екран на допир, или сите копчиња да работат без ‘клик’. Но, потрошувачот сака да чувствува дека ја има контролата и задоволувачко копче со соодветен звук придонесува кон тоа чувство”, додаде тој.
Пазете се од звучниот отпад
“Произведувачите на уреди за домаќинство имаат импулс секој апарат да го направат да има ‘твит’, ‘бип’, да пее или да зборува. Ова е лоша идеј. Мирот и тишината се исто така важни како и звукот. На дизајнот му е потребна бела зона, а звукот има потреба од тишина,” продолжи понатаму Бекерман.
“Болниците во САД во моментот се соочуваат со проблем бидејќи многу од уредите даваат алармантни звуци кои не се секогаш корисни за медицинскиот персонал – некој можеби паѓа, или пак некој кабел е олабавен. Дополнително, звучниот отпад е стресен за пациентите. Ние во Man Made Music се посветивме да го решиме овој проблем до 2022. Преку елиминирањето на непотребните звуци, помала е веројатноста дека медицинскиот персонал ќе исклучи некој значаен аларм, а и пациентите ќе бидат посреќни. Ова може да спаси животи,” заклучи Бекерман.