Автор на колумната е: Sarah Douglas, Извршен директор на Abbott Mead Vickers BBDO, оригинално објавена за Campaign Live на следниов ЛИНК.
Ние кои работиме во комуникациската индустрија, сакаме да мислиме дека сме повеќе поврзани со луѓето отколку професионалците во другите сектори. Ние веруваме, без разлика дали има или нема глобална пандемија, дека сме “поблиску” до соништата на луѓето, нивната надеж, желби, фрустрации и стравови. Нашата работа е да ги разбереме мотивациите на луѓето и да им помогнеме на клиентите да изградат брендови што ќе ги “пресретнат” тие потрошувачки потреби со некакво значење.
Во моментов, адвертајзинг заедницата “живее и работи” повитално, отколку било кога во нашата колективна историја. Во хаосот на складирање и празнење на улиците, мислам дека постои вистинска можност да се отвориме себеси да научиме уште подинамично за луѓето и нивната индивидуа, флуктуирачки животи – нешто што ќе ни помогне не само да се адаптираме подобро и да се “вратиме” побрзо, туку и да станеме подобри практичари така што ќе развиеме нови нивоа на емпатија.
Сега е време кога границите помеѓу домот, работата и фамилијата исчезнуваат, бидејќи веќе ги нема. Како лидер, јас сакам да им помогнам на моите луѓе да се релаксираат и да бидат токму тоа – мои луѓе. Нивниот мозок е тоа што ми треба, не нивното време. Колку повеќе време сме дел од тој свет, толку повеќе стануваме дел од него и разбирањето за бизнисот е уште поголемо. Колку повеќе разбираме, можеме да имаме поголема емпатија. Наречете ја дисциплина на краток бриф. Што повеќе знаеме, толку поостри ќе бидат нашите креативни “ножици”.
Од ова искуство на хаотично живеење и наоѓање ред во тоа, пивотирање од Peppa Pig до PowerPoint – треба да ја демонстрираме целата “боја” на нашата креативност и да станеме уште повеќе луѓе. За креативна индустрија што е создадена за правење релации со луѓе, ова може да биде само добра работа.
Со уривањето на сите граници, благосостојбата на луѓето дома е исто така голема грижа за мене. Како водачи, ние сме одговорни да гарантираме дека работењето од дома не значи „секогаш на линија“.
Од почетокот на Ковид-19 пандемијата, ние бевме отворени со нашите вработени и ги охрабривме да го прилагодат нивното работно време со нивниот дневен ритам во соработка со останатите од тимот во кој работат.
Одржувањето на културата е важно. Компаниската култура е особено значаен фактор во време на криза, не помалку и за нашите луѓе кои живеат сами. Нашите тимови уживаат во посебни термини за видео конференции при крајот на денот во кои правиме ретроспектива како денот ни поминал. Креиравме неделен newsletter за сериозните и смешните работи што се случуваат со работата на дистанца. Како лидери, Алекс и јас продолживме да зборуваме кон целата компанија секој понеделник сабаљечки преку Webex. Ова вклучува и споделување на работи што ги правиме во различни тимови за да ги опслужиме клиентите, но и споделување на вести за нечиј роденден, годишнина или топ препораки за неделата.
Како компанија, мора да се грижите за две работи: квалитет во сè што правите и едни со други, како што велеше Дејвид Абот. Во ова чудно и предизвикувачко време, овој водечки принцип никогаш не бил повистински.
Отстранувањето на компаниските структури и длабоко внимание во нештата што навистина се важни, исто така, е навремено потсетување дека семејството е сè и, како такво, тоа не живее во цврсто сегментирана временска рамка на почетокот и крајот на секој ден.