Американската прехрамбена компанија Кraft Heinz, соопшти дека се откажува од планот за превземање на британско-холадскиот гигант Unilever.
Unilever, во петокот, ја одби понудата на американскиот прехрамбен гигант Kraft Heinz вредна 143 милијарди американски долари, односно 50 долари по акција, со образложение дека не се спремни да ја продаваат компанијата за било која цена.
Иако се очекуваше од американската компанија на британско-холандскиот конзорциум да му понудат и поголем износ, само 48 часа подоцна, во заедничко соопштение е објавено дека преговорите нема да продолжат и дека Kraft Heinz се повлекува од преземањето.
Поврзувањето на тие две мултинационални компании ќе преставуваше една од најголемите трансакции во историјата и обединување на некои од највредните светски брендови под иста капа – што секако ќе претставуваше тотална доминација на полиците.