Британската кралица Елизабета II, откако лансираше сопствен бренд на кечап, сега планира да создаде луксузен парфем за кучина.
Парфемот наводно ќе се вика Happy Hounds Dog Cologne, а ќе биде произведен од страна на луксузната парфемерија Norfolk Natural Living, додека пак продажбата ќе се остварува преку сувенирницата на дворецот Сандрингам, една од резиденциите на кралицата. Најавената цена на парфемот ќе биде 9.99 фунти.
Иако кралицата е позната како љубител на кучешката раса Велшко Корги Пемброк, прафемот ќе биде соодветен за сите видови кучиња, и тоа без различна на нивниот пол.
Според описите, парфемот ќе потсеќа на „крајбрежни прошетки“, со „богат, мускусен мирис со цитрусни ноти на бергамот“.