„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на овој кечап чија главна состојка е домат, но овој кечап содржи и сок од јаболко и разни зачини.
Англиската кралица Елизабета не мирува ниту на 96 години, а сега лансираше свој бренд со био производи.
Кралицата лансираше бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк. Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите е и кралскиот кечап.
Секако, главната состојка е доматот, но овој кечап содржи и сок од јаболко и разни зачини.
Позната е и цената на овој популарен додаток, па шише од 300 милилитри чини околу девет долари.
Поранешниот готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, откри дека кралицата обожава бургери, но ги јаде без пециво, со вилушка и нож, а наместо кечап користи брусница.