Воочи Св. Валентин, Kraš и DRAP одлучија да ги потсетат паровите на тоа дека насмевката е важен дел од љубовта, што го потврдуваат и истражувањата на навиките на партнерите во долги и среќни врски. Освен поврзаноста и посветеноста, и количеството на смеа и забава во врската е особено важна. Така, среќните парови често имаат иста смисла а хумор, како и свои ‘интерни’ шеги.
Со цел да ги потсетат паровите да се смеат почесто, направена е оваа посебна машина Crushomat. Паровите требаа на Crushomat-от да му ги покажат своите искрени насмевки, а машината за возврат би им поклонила чоколадо Dorina, која, исто како и насмевките, е најслатка кога се дели.
Иако луѓето отсекогаш можеле да ги препознаат вистинските насмевки, на компјутерите не секогаш тоа им поминувало од рака. Но, со малку компјутерско учење и Crushomat-от беше оспособен да ја извршува таа задача.
Погледнете како тој, со Dorina како сладок адут во својот ракав, ширеше љубов и среќа!