По повод враќањето на балетот „Дракула“ на репертоарот на Балетот на Западна Австралија, креативната агенција Wunderman Thompson смисли одлична кампања која ја искористува една од најпознатите тропи поврзани со вампирите – дека овие митски суштества немаат одраз во огледало.
Имено, креативците создале специјален постер со портрет на Дракула кој кога ќе се погледне под определен агол до некое огледало, нема одраз т.е. се појавува само со позадината и текстот на постерот, без ликот на главниот вампир. Ваквите постери потоа биле поставени ширум баровите и објектите за забава низ Западна Австралија.
„Ние сакавме да ја вратиме нашата наградувана и распродадена сезона на Дракула со тресок. Навистина сме вобудени што оваа впечатлива идеја можеше да се имплементира толку брзо и ефективно,“ истакна Сузана Биркрофт, марктинг директор на Балетот на Западна Австралија, по повод креативната постер-кампања.
Во претходни „вампирски“ кампањи имаме видено и билборд кој го „оживува“ Дракула преку игра на сенки, како и постери со вампири кои се самозапалуваат на дневна светлина.