Секој што е запознаен со вампирите како фантастично суштество од малите екрани (каде што се поразлични од оние во фолклорот), знае дека овие ноќни бесмртници се ранливи на сончева светлина. Па така, со цел да ја промовира својата нова серија со вампири The Passage, Fox најде интересен начин како да претвори хартиени вампири во пепел.
Имено, во соработка со агенцијата BETC/Havas, телевизиската мрежа создаде постери кои се самозапалуваат кога се изложени на сончева светлина – исто како и вампирите кои се прикажани на слика.
Постерите, дистрибурани низ улиците на бразилскиот град Сао Паоло, биле премачкани со запалива смеса создадена од калиум перманганат и сулфурна киселина. Секоја вечер, лицата на крволочни вампири гледаат директно во секој кој ги одминува, но при изгрејсонци, тие спонтано се самозапалуваат. Со цел да не предизвикаат штета на околината, постерите биле поставени во заштитно стаклено куќиште, а секоја вечер биле заменувани. На секој постер стоел натписот „Тие нема да ја дочекаат зората.“
„Постерите со вампири комбинираат раскажување на приказна со иновативна технологија во outdoor адвертајзингот. Оваа кампања не само што е позиционирана во надворешниот свет, туку истовремено ја искористува околината за да раскаже приказна,“ истакна Андреа Сиквера, извршен креативен директор на BETC/Havas.