Home » Во фокусот » Креативен спој на корисно, забавно и едукативно

Креативен спој на корисно, забавно и едукативно

Секој сака убави приказни, а во нив особено уживаат децата. Убавината на приказните ја чинат темите, дејствието а најмногу начинот на кој се раскажани.

Една таква добрo раскажана приказна е таа за Битолското чупе чија најнова авантура изминативе  месеци беше мошне актуелна во македонската јавност.

Print

“Авантурите на Битолското чупе” е големата едукативна наградна игра во која препознатливото чупе од Битола, познатото Бимилк витаминско млеко со 10 витамини, Бимилк и агенцијата Меккен Скопје, ги повикаа децата да собираат сликички, да се забавуваат и да освојат вредни награди.

Наградната игра предизвика огромен интерес. Побарувачката за албумот беше огромна, родителите разменуваа сликички, децата пополнуваа по два албуми истовремено, се бараа „врски“ по продавниците за да се добие албумот.

Успехот на проектот се должи на добрата комуникациска стратегија и креативноста при изработка на промотивните материјали дело на агенцијата Меккен Скопје, изработката на сликите во албумот од страна на илустратотрот Александар Сотировски, како и целокупната организација и спроведување на наградната игра од страна на тимот на Бимилк која овозможи секое дете ширум Македонија да учествува во наградната игра.

Тимот на Меккен Скопје ја изработи комуникациската стратегија во три фази преку повеќе канали. Кампањата започна со тизер кој ги поттикна сите да се прашуваа каде е Битолското чупе, додека пак децата беа повикани да ја следат нејзината најнова авантура. Интересната ТВ анимација, веб банерите, флаерот, ПОС материјалите, Facebook апликација ни открија каде е чупето и каде ќе ги носи добитниците, додека нејзиното патување стана главна тема на социјалните мрежи. На оригинален и креативен начин децата преку забава и учење, уживаа во собирање и размена на сликички, дружење како и во исчекувањето на крајот на наградната игра.

Наградната игра заврши, го исчекуваме големото извлекување на добитниците на почетокот мај кога ќе дознаеме кое среќно семејство ќе ја посети зоолошката градина во Берлин благодарение на Бимилк.

Видеото можете да го погледнете на Facebook страницата на Бимилк на линкот подолу:

https://www.facebook.com/BiMilk/videos

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365