Продолжувајќи го својот силен раст во последната деценија, глобалната креативна компанија BUCK отвори нови канцеларии во Амстердам со цел да изгради нови врски со европските таленти, брендови и креативни партнери и да го отклучи деноноќниот процес на стратегија, концептуализација, дизајн и испорака за маркетингот, адвертајзингот, брендингот и крецијата на оригинални содржини на менети за кој било медиум и екран од која било големина.
„Ние сме возбудени да видиме какви можности ќе продуцира нашиот создавачки пристап на една креативна компанија на Европскиот пазар“, истакнува Рајан Хани, соосновач и ко-генерален креативен директор на BUCK.
Новата холандска канцеларија на BUCK ќе биде предводена од извршниот креативен директор Винсент Ламерс, претходно креативен директор и партнер во агенцијата Ambassadors од Амстердам.
„Јас имав симпатии кон BUCK уште од деновите во уметничко училиште, а нивната интензивна потрага по креативна извонредност и колаборативен, его-слободен начин на работа е инспирација до ден денес,“ посочува Ламерс, додавајќи: „Не би можел да бидам погорд што сум дел од ова во Амстердам и можноста да создадам дом за целиот неверојатен талент овде во Европа. Тоа е работа од соништата.“
На Ламерс ќе му се придружи и извршниот продуцент Ченс Вудворд, претходно од MediaMonks, Leo Burnett и Crispin Porter + Bogusky. Длабокото искуство на Вудвард во интегриранта продукција го прави одличен избор за колаборативениот и мултидисциплинарен пристап на BUCK.
Креативниот директор Ричард Греј е вратен назад во Европа од канцеларија во Лос Анџелес, со цел да го предводи креативниот тим заедно со Ламерс. Тој носи богато искуство од претходната работа на наградувани проекти како “Share your Gifts” за Apple и “The Invention of Together” за Tinder.
Локален печат, глобален поглед
Основана во 2004 година, креативната компанија BUCK има изградено репутација за извонредна умешност во занаетот и постојана иновација преку соработка со широк спектат на клиенти од различни културни и технолошки сфери, вклучувајќи ги Apple, Instagram, IBM, Nike, Airbnb, Paypal и Pepsi.
Препозната како лидер во индустријата, витрините на BUCK вклучуваат Еми, неколку златни кански лавови, Клиа, пенкала, коцки и преку 150 други награди од најпрестижните креативни натпреварувања во светот.
Со канцеларии во Лос Анџелес, Њујорк, Сиднеј и сега Амстердам, BUCK работи како единствен креативен ентитет кој е способн да одговори на локалните пазарни и културни особености, ползувајќи разновиден тим од 300 креативни креатори, мислители, сонувачи и реализатори.
Неодамнешната соработка на BUCK со географски блиски брендови, како што се Tony’s Chocolonely и Oatly, е заснована врз длабокото знаење кое тимот од Амстердам го има за европскиот адвертајзинг и култура, истовремено создавајќи дела за глобалната сцена.
„Успехот на BUCK не се должи само на соработката со најдобрите таленти во светот, туку истовремено и со некои од најдобрите луѓе. Нашиот тим во Амстердам не е ништо поразличен – постојано барајќи нови креативни можности, притоа останувајќи верни на нашата основна култура и она што го прави BUCK толку посебена,“ вели Јан Јенсен, генерален директор за талент во BUCK.
„Тајната состојка“ на BUCK е едноставна: длабока посветеност кон откривањето и негувањето на најдобриот креативен талент ширум светот.
„Нашиот поттик да ги откриеме најдобрите светски таленти и креативни можности ги надрасна нашите три канцеларии. Со оглед на тоа што многумина од нашите актуелни уметници се веќе базирани во Европа, имаше доста смисла да отвориме ново студио тука и да им дадеме домашна база,“ заклучува Рајан Хани.