Креативноста е најзначајниот дел од модерниот маркетинг.
Ако еден бренд не се продава, значи дека комуникација со потрошувачите не е креативна. Дури и најмалата идеја може да има голем ефект врз сите нас. Познатата маркетинг агенција Ogilvy & Mater ни го докажа тоа со проектот наречен «People for Smarter Cities» . Овој креативен проект бил реализиран за нивниот клиент IBM France.
Целта на секоја компанија е да креира вредност кон потрошувачите, да им го олесни и подобри животот. Затоа IBM во соработка со Ogilvy & Mater решија да им го подобрат животот на илјадници луѓе ширум светот со креативни решенија за нивните секојдневни потреби.
Подолу следува ова прекрасно видео вo кое креативноста на идеите го достигна својот врв: