Home » Во фокусот » Креирај реклами за големите светски брендови !

Креирај реклами за големите светски брендови !

Дали некогаш сте посакале да креирате реклама за некој светски бренд? Еве Ви прилика !

Tongаl е платформа која има за цел да ги поврзува креативците со брендовите кои посакуваат да добијат реклами од малце поинаков бриф.

Како функционира?

Најпрво на платформата се јавуваат заинтересирани компании кои објавуваат питч и одредуваат награди. Креативците кои го прифаќаат предизвикот праќаат свои решенија во должина од еден твит а потоа брендовите ги избираат најинтересните идеи и соодветно му плаќаат на копирајтерот за концептот.

Потоа следува повикот за режисери. Тие ги праќаат своите идеи/снимки/замисли за снимање, се избира најдобрата, победникот добива ресурси и краен рок и се пристапува кон финализирање и целосно снимање на рекламата. Брзо и ефикасно !

Tongl

Како што наведува сајтот PSFK оваа платформа дневно има околу 50.000 корисници од целиот свет кои учествуваат во конкурсите а до сега се работени реклами за McDonald`s, LEGO, Durcell, Oral-B и други.

Платформата Tongаl можете да ја посетите на ОВОЈ линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365