Помеѓу лажните вести, виралните кликбеит наслови и субјективно известување, станува сè потешко да се разбере кои информации се точни, така што има сè повеќе луѓе кои се занимаваат со овој феномен. Една од кампањите доаѓа во форма на игра, која им се покажува на корисниците како новинарството функционира и како вистинските информации се разликуваат од лажните.
Се работи за играта „Мисинформер“ која функционира на начин што играчот добива улога на новинар и има задача да разоткрие политички заговор. Тој ја започнува играта како модератор на обичен форум, а ситуацијата се менува кога ќе открие политички заговор и лицето кое е одговорно за разни малверзации. Основата на играта е базирана на текст и се бара од играчот да направи разлика помеѓу точни и неточни информации. Креаторите тврдат дека играчите се стекнуваат со вештини за време на играта, кои ќе им бидат корисни и во реалниот свет, бидејќи ќе им овозможат брзо и лесно да препознаат дезинформација.
Играта би требало да биде завршена до крајот на декември, а во тек е Kickstarter кампања чија цел е да се соберат 23.000 долари, колку што е потребно за да се заврши играта.