Луксузниот моден бренд Balenciaga повторно се здружи со познатиот бренд на кломпи Crocs, овој пат за да создадат „крокодилки“ на висока потпетица.
Обувките се дел од пролетната колекција за сезоната 2022 на Balenciaga, а ќе бидат достапни во повеќе бои, меѓу кои во зелена и црна.
Покрај „крокодилките“ на штикла, дел од колекцијата ќе бидат и „крокодилки-чизми“, со височина до коленици.
Ова не е прва соработка помеѓу двата брендови. Претходно, во 2017 година, двата брендови лансираа „крокодилки“ на висока платформа, кои беа распродадена уште пред официјалното лансирање во малопродажба.
Цената на новите обувки сé уште не е соопштена, меѓутоа претходниот заеднички производ на брендовите изнесуваше 850 долари од пар.