Британскиот чоколаден бренд Maltesers, во сопственост на Mars, лансираше нова Велигденска кампања едноставно насловена „Медитации“.
Во централниот спот се посочува како припремите за големиот празник можат да бидат стресни, затоа што постојано има нешто што треба да се направи – готвење, организирање, забавување на другите… Но, дали при сето тоа луѓето имаат време за опуштање?
Со цел да им помогне на луѓето токму во таа насока, Maltesers лансираше серија на кулинарски видеа во ASMR стил кои ќе ве „опуштат со сладост и смират со какао“. Во нив одблиску го гледаме припремањето и декорирањето на прерасни Велигденски торти и колачи, кои несомнено ќе Ви ги предизвикаат домаќинските сетила.
Наратор на кампањата е популарната британска телевизиска презентерка Ангела Рипон.
Серијалот е достапен на официјалниот YouTube канал на Maltesers на следниот линк.