Stanovi Skopje – Цени и квалитет
Терминот “Стан” во Македонија, но посебно во главниот град, Скопје е широка и многу комплицирана тема посебно после 2020 година кога може да се каже дека цените на становите имаат пораст дури за 40% во некои делови т.е населби како Центар, Кисела Вода, Карпош и тн. Но лоша страна е тоа што и покрај високите цени на голем дел од становите некои од нив и покрај инфлацијата може да се каже дека вредат за таа сума, а додека пак има станови во голем број каде што цената е огромна, а станот што се нуди е на некое мизерно ниво.
Што значи тоа на мизерно ниво? Тоа е случај кога се огласува самиот стан на познатите сајтови за огласување како Pazar3, потоа на веб страни на самите агенции за недвижности со наслови “Луксузен стан”, а во него мебел од 1992-ра.
Станови во Охрид
Самата помисла “Стан во Охрид” асоцира на енормно високи цени и трошоци како за самиот стан така и за негово одржување или реновирање. Во Охрид може да пронајдете станови од квалитетна градба и релативно понови, но истотака и станови од пред 30-40 години кои се релативно одржани. Проблемот при продажба или изнајмување на станови доаѓа кога не се прикажува реалната слика. Треба да има една граница или рамнотежа на тоа што се продава да биде по реална цена. Во Охрид за разлика од Скопје продажбата е сепак на второ место бидејќи како туристички центар претежно луѓето ги изнајмуваат своите станови, апартмани и соби отколку да ги продаваат. Цените на становите во Охрид се движат од 1000 до 2000 евра на квадрат.
Продажба на станови во останатите градови низ Македонија
За разлика од Скопје и Охрид, во останатите градови цените на становите се релативно пониски. Нормално цените варираат во однос на тоа каде се наоѓаат, во која населба, дали се во близина на некој трговски центар, училиште, кино. Секако зависи и тоа дали се изградени во блиско минато или години наназад, потоа голема улога игра и мебелот дали е футуристички и елитен или мебел кој веќе застарил со текот на годините. Како пример може да се земе и Битола каде што становите на познатиот “Широк сокак” се релативно поскапи и се движат по околу 1200 евра на квадрат. Исто така цените во Штип покрај факултетите се движат околку 850 до 1200 евра на квадрат во 2024 година што навистина е висока цена за луѓето со релативно помали примања.