Компанијата за спортска опрема Nike е секогаш спремна да преземе акција и да ги вклучи спортските ѕвезди „под својата капа“ на спонзорства, користејќи ги нивните имиња за промоција на своите производи.
Истото се случи и со кошаркарската ѕвезда Кајри Ирвинг, кој потпиша договор со Nike уште во 2011 година. Првите патики од Nike под името на Кајри беа лансирани во 2014 година, а оваа 2021 треба да се појават најновите Kyrie 8.
Пред неколку денови, на една неофицијална фан-страна за кошаркарски патики на Инстаграм се појавија наводно „протечени“ фотографии од новиот модел.
View this post on Instagram
Под фотографијата потоа коментираше самиот Кајри Ирвинг, со својот верификуван профил, кој се огласи против патиките: „Јас немам врска со дизајнот или маркетингот на претстојните Kyrie 8. Според мое мислење тие се ѓубре! Немам апсолутно ништо со нив! Nike планира да ги објави без мое одобрение, без разлика што и да речам, па затоа однапред се извинувам на сите мои љубители на патики и вистински поддржувачи на брендот #KAI11“.
Но, кошаркарот не застана само со коментари на социјалните мрежи. Како што пренесува The New York Post, Кајри го прекинал својот договор со агенцијата за менаџмент Roc Nation, како и својот договот со Nike вреден 11 милиони долари.
Nike засега нема официјално одговорено на обвинувањата и акциите на кошаркарот. Претходниот модел Kyrie 7 важел за еден од најпродаваните кошаркарски модели на патики минатата година.