Во соработка со Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), Lacoste повторно се бори за најзагрозените видови “жртвувајќи” го својот бренд
Во 2018 година Lacoste започна тригодишно партнерство со Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), со која ги здружија силите за да помогнат да се подигне свеста за загрозените видовите кои се во изумирање и да ја поддржат акцијата на заштитата на природата.
Оваа соработка доведе до кампања, која беше креирана од страна на агенцијата BETC Париз, во која брендот Lacoste се обврза да направи лимитирана серија на 10 видови поло маици во која својот легендарен крокодил ќе го замени со лого кое ќе претставува некој од загрозените видови.
Оваа година BETC и Lacoste ја продолжуваат кампањата, а крокодилот продолжува да се бори за опстанокот на дивите животни и ја подига свеста за 10 други загрозени видови.
Љубителите на тенис веќе можеби веќе го забележаа амбасадорот на брендот, Новак Ѓоковиќ, во маичка во текот на Мастерс турнирот 1000 во Рим на 16 мај, на која крокодил беше заменет со фока.
На 22 мај, Меѓународниот ден на биолошката разновидност, крокодилот не само што ги напушти поло маиците, туку и секој квадратен метар во 10-те клучни продавници на брендот во светот.
Во текот на 24 часа, 10 продавници станаа “crocodile-free“, со цел секоја од нив да го привлече вниманието на по еден загрозен вид. Поло маичките за секој вид беа достапни исклучиво во продавниците наменети за тој тип.
Направени се вкупно 3.520 поло маици, за 3.520 единки од загрозен вид. Целиот профит од овој ден, од девет физички продавници и од е-продавницата Lacoste.com, ќе бидат пренасочени во Меѓународната унија за заштита на природата со цел зачувување на загрозениот природниот свет.