За сезоната пролет 2021 година, Lacoste ги носи сите бои. Во соработка со Polaroid, крокодилот позира со исконското виножито.
Оваа година, компанијата Lacoste, со помош на својата агенција BETC, гледа во животот низ розови, црвени, зелени и жолти очила. Уникатната соработка за капсулната колекција помеѓу брендот со крокодил и познатите полароидни бои, ја враќа естетиката на Техниколор и духот на 70-тите години.
Заситена палета, топли бои, култни и интимни моменти. Веќе 70 години, Polaroid ги обележува најдобрите моменти од нашите животи на инстант хартија. Компанијата Lacoste копаше низ минатото, полно со митови, култури и бои. Инспирирана од легендарното лого на виножитото, создадено за прв пат во 1963 година кога Polaroid го измисли филмот во боја, кампањата во голема мера ги содржи познатите сини, зелени, жолти, портокалови и црвени нијанси на овој американски производител.
Фотографот Симон Шмит беше одговорен за режијата и снимањето кое се случи во Мерсеј. Многу природна светлина, индустриска позадина и тим на танчери и скејтери во константно движење. Lacoste и BETC избраа танчери кои користат еден вид танц со невообичаени потези, што совршено одговара на енергијата на видеото, кое беше снимено кадар по кадар.
Предметите кои се производ на оваа соработка се достапни во продавниците и онлајн од 17 март. Виножито на Polaroid ќе биде претставено на дисплеите во XXL формат, како и на излозите на продавниците и нивниот внатрешен декор. Како дел од оваа соработка, филмот ќе се најде на сите канали на социјалните медиуми на брендот Lacoste.