Како дел од овогодишната програма на BalCannes, регионалната ревија на рекламни агенции, која се одржува во склоп на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ доаѓа култната словенска група Laibach.
Со членовите на оваа група која штотуку се врати од гостување во Северна Кореја ќе разговара извршниот креативен директор на словенската агенција Пристоп, Аљоша Багола.
Мина Шпилер и Јани Новак, идејниот лидер и член на групата од самиот нејзин почеток, ексклузивно ќе ги споделат своите искуства со своите концерти во Северна Кореја, каде, како прва музичка група од Западот беа поканети од службениот Пјонгјанг.
“Laibach е многу повеќе од музичка група, Laibach е музички феномен. Тие се маркетинг стручњаци и мајстори за провокација и ние маркетерите можеме многу да научиме од нив“ , вели Аљоша Бегола кој веќе нестрпливо го очекува самиот разговор.
Багола, покрај маркетинг вештините на Laibach и нивното место во поп културата, ќе го интересира и нивното доживување на најтоталитарниот режим во светот, неговата прочуена цензура и страшна влада, за која од Laibach велат дена не ја ни осетиле.