(РЕГИОН) – Српската агенцијата за креативна примена на дигитални технологии во маркетингот Homepage, представи иновативна Social Media DOOH (Digital-out-of-home) услуга – со кога се обединува најдоброто од online и offline маркетингот. Агенцијата ги пласира објавите користејќи ги можностите и предностите на дигиталната технологија DOOH- преку мрежата од LED дисплеи ширум Белград на компанијата multiVISION.
DOOH (Digital out of home) е најнова форма на огласување и прикажување на промотивни содржини од современите, дигитални медиуми во форма на LED дисплеи кои се наоѓаат на најатрактивните и нафрекфрентните локации во Белград.
Social media DOOH овозможува филтрирање и прибирање на објави од Инстаграм и Твитер, нивно селектирање, автоматско креирање на брендирани објави во однапред дизајнирани форми на фотографии за нивно прикажување на LED дисплеите. Контролата на процесот е целосна, а административните работи како што е изработката на “Декларацијата за огласните пораки“, креирањето на архива на објавите и потребните извештаи целосно се автоматизирани.
Во системот може да се одбере и внесе самиот дизајн во кој објавите ќе се прикажуваат, да се избираат според хаштагови кои се интересни за клиентот (собрани објави од Инстаграм или Твитер), се снимаат во базата на сервисот и се прави одбирање на оние кои ќе бидат прикажани на дисплеите. Кога една објава ќе се одбере за приказ, системот автоматски ја дизајнира според договорот со клиентот, при што е можно да се прилагоди приказот на фотографијата и изгледот на текстот. Објавата се состои од текст и фотографија, никот на личноста која е авотр на објавата како и ознака од социјалната мрежа каде првично објавата е објавена.
Извор: Marketingmreza